Категории

Дали сте хипохондрик? – Ова се знаци за психичко пореметување

Хипохондријата е психичко пореметување кое се презентира преку постојана фокусираност на личноста на своето физичко здравје, без никакви објективни причини.

Со цел навреме да ги забележите знаците и да спречите понатамошно напредување, овие знаци можат да ви поможат да си помогнете себеси или да се обратите на стручњак.

1.Опседнати сте со анализи и резултати
Хипохондриците опсесивно вршат медицински анализи на една или повеќе болести. Ним им е страшно важен секој детал од крвната слика или други анализи, кои ќе ги анализираат и неколку дена откако ќе ги добијат резултатите. Било да е зачестено мерење на крвниот притисок, бројот на отчукувања на срцето, испитување на крвната слика, може да се каже дека се знаци на праг на хипохондрија.

2.Убедени сте дека имате некој здравствен проблем
Ако постојано сте уверени дека нешто не е во ред со вашето тело, многу е веројатно дека сте во рана фаза на хипохондрија. Што е најлошо, основниот знак е дека сте е постојано мислење дека имате некој поголем проблем од кој нема да можете да се спасите, односно дека ќе умрите.

3.Одите на лекар за секоја ситница
Хипохондриците често посетуваат доктори со цел да се консултираат дури и ако претходниот пат им било кажано дека се е во ред. Ако постојано ги менувате лекарите со цел да добиете што повеќе мислеа а притоа нити едно од нив не го прифаќање затоа што се коси со вашето, голема е веројатноста дека сте хипохондрик.

4.На сите им раскажувате за вашите „болести“
Хипохондриците секогаш зборуваат за своите наводни болести кои самите себеси си ги дијагностицирале, со разни луѓе без оглед на времето и местото. Луѓето околу вас се лути и фрустрирани кога ќе чујат дека зборувате за непостоечки болести. Внимавајте затоа што ако така продолжите ќе почнат да се дистанцираат од вас.

5.Имате панични напади
Паничните напади се добро познат поим за вас? Стално мислите дека ќе заболите од неизлечлива болест? Тоа ви отежнува да се концентрирате на работата или некоја друга активност, затоа што црните мисли не ви оставаат простор за нешто друго во вашата глава. Исто така, додека трае паничниот напад сте убедени дека доживувате инфаркт. Ова е веќе сериозен проблем на хипохондрија кој морате по сопствена волја да го решите со помош на психијатар.

6.Постојано сте под стрес
Благодарение на црните мисли кои постојано ви се мотаат во главата како и убедувањето дека сте смртно болни ви прави постојан стрес. Дури и кога ќе се закашлате вие правите драма зарем не? Знајте дека ова е најлошиот облик на хипохондрија кога навистина можете да предивикате сериозна болест. Секогаш имајте на ум дека стресот е причина за многу болести. Обидете се да се опуштите и да сфатите дека се ви е во главата. Ако не сте доволно силни сами да го пребродите ова психичко пореметување, обратете се кај стручњак за помош затоа што тогаш лекарот ви е вистински потребен.

Прегледи:
754
Објавено на:
09.12.2020