Категории

Дали сте ја пронашле сродната душа – Како ќе ја препознаете вистинската љубов?

За сите романтичари и оние кои се чувствуваат така

Многу луѓе се прашуваат дали личноста со која се во врска е онаа вистинската, дали можеби постои нешто подобро кое ги очекува некаде таму. Како да го поправат другиот, како да го променат и да го подобрат, како да го направат вистински за нив, зошто друиот се однесува на начинот на кој се однесува, зошто ги има тие нездрави и можеби болни навики.
И сето тоа се само банални прашања, борба со себеси и бескрајна дилема дали другиот е вистинскиот или не.

Вистината е во тоа дека – ќе знаеш самиот дали е или не е.
Кога ќе ја пронајдеш вистинската личност, ќе знаеш.
Ќе биде како дожд кој ќе ја разбуди пустината, ослободување, смиреност и спокој наспроти сите бури низ кои си поминувал претходно.

Ќе биде како сонцето кое изгрева од мрачно небо и ќе почнеш да се чувствуваш повторно жив.
Часовите ќе делуваат како секунди. Твоето срце ќе почне да заздравува. Ќе почувствуваш како да си ги отворил очите за прв пат во твојот живот. Ќе почнеш да се прашуваш како воопшто си живеел и си носеш во себе толкава празнина и си живеел без чувства пред да се појави.
Нема никогаш да бидеш приморан да се прашуваш себеси дали си вистински вљубен или не.
Едноставно ќе знаеш.

Прегледи:
713
Објавено на:
29.07.2020