Доколку ги правите овие нешта, честитаме вие спаѓате во групата на плачковци
-Кога ќе започнете да се жалите на нешто во друштвото тие ја менуваат темата?
-Мислите дека голем дел од луѓето имаат подобар и поубав живот од вашиот?
-Често кога ќе го отворите плакарот викате дека немате што да облечете?
-Во ресторан често добивате храна која не е добра или не е она кое што го посакувате?
-Кога пријателката ви кажува за својот пробем, вие зборувате за вашиот кој е уште понепријатен?
-Се жалите за тоа што морате да плаќате данок?
-Ако одите на службен пат, се жалите на работата која ќе ве затекна кога ќе се вратите?
-Ако ви се расипе нешто во домот веднаш им вртите на пријателите и им раскажувате за катастрофата?
-Кога морате да чекате во ред, вие или ситуацијата станувате неиздржливи?
-Често се жалите на времето?
Ако потврдно одговоривте на пет прашања:
Веројатно сте премногу разгалени. Не сте научиле да уживате во животот и мислите дека е грозен.
Меѓутоа, големи се шансите дека животот не е грозен туку вашиот став спрема него е грозен.
Можеби ви недостига љубов и внимание па со постојаното кукање и приговарање барате или едноставно сте разгалени.
Во секој случај треба да престанете. Чекорите по темнината затоа што вие така сте избрале. Престанете да се жалите и живејте го вашиот живот.