Категории

Дали сте зависни од вашиот смартфон?

Можеби зборот “зависен“ е премногу груб збор, но  повеќето луѓе се чувствуваат навистина непријатно кога ќе го изгубат својот телефон или кога ќе сфатат дека го заборавиле дома. Проверете како се чувствувате во следните случаи и проверете дали овие “знаци на зависност” можат да важат и за вас.

-Кога одите некаде и го оставате телефонот дома се чувствувате многу непријатно.
-Кога ќе се најдете во непријатна ситуација, го вадите телефонот и барате нешто на него или се преправате дека пишувате порака.

-Кога не го гледате телефонот чувствувате вознемиреност.
-Не се сеќавате за што зборувавте додека вечеравте или ручавте, бидејќи постојано баравте нешто на телефонот.
-Во секоја прилика наоѓате време да направите селфи.
-Верувате дека за секој аспект од животот постои мобилна апликација.


-Го носите телефонот буквално насекаде (и во тоалетот).
-Вашите пријатели се фрустрирани, бидејќи никогаш не сте целосно присутни во друштвото.
-Доживувате мал шок ако ви се скрши телефонот.
-Не можете да издржите еден час без да проверите мејл или фејсбук.
-Пишувате пораки и кога се движите.
-Изнервирани сте доколку Wi-Fi конекцијата не работи правилно.