Категории

Дали вреди да си инает, да си злопамтило? Дали вреди да им угодуваш на сите? Не. Не вреди, зошто животот ни е еден.

Ретко ја разбираме суштината на живеењето. Денес сфатив дека во една секунда можат многу работи да се сменат. Не знаеме што не очекува следната секунда, минута, следниот ден. Можеби и ќе не нема. Во тој момент се запрашав дали вреди?

  • Дали вреди да се нервираш за паднат испит, за изгубена утакмица, за изгубените материјални работи.
  • Дали вреди да се жртвуваш и да чекаш љубов од некој што не планира да ти се предаде. Дали вреди да им се љутиш на твоите?
  • Дали вреди да си инает, да си злопамтило?
  • Дали вреди да им угодуваш на сите?

Не. Не вреди, зошто животот ни е еден. И она “живеј го секој ден како да ти е последен” од секогаш ми било клише, но не е.. Денес, посвети им внимание на твоите, иако ти изгледаат досадни. Излези со пријателите и докажи им дека си им пријател. Кажи те сакам на оној за кој го чуствуваш тоа.. 

Денес сме тука но утре ќе не нема, утре да не биде касно, да нема после каењe!

Елена Н.

Прегледи:
822
Објавено на:
08.01.2016