Сѐ повеќе почнаа да кружат гласините за новиот паметен телефон на Samsung, моделот Galaxy S8, а последните информации зборуваат за тоа дека телефонот ќе има екран преку целата предна страна од уредот.
Ако може да им се верува на шпекулациите, Samsung Galaxy S8 ќе биде поголем од претходникот S7, ќе има 4К резолуција и отсуство на 3,5 mm слот.
Како што пишува “Bloomberg”, новиот најдобар телефон на јужнокорејската компанија ќе биде опремен со досега невиден all-screen дисплеј, односно екран кој ќе се протега на 90-100% од површината на предниот дел на уредот.
Доколку е тоа точно, можеме да се збогуваме со “home” копчето, кое судејќи според првичните сознанија ќе биде скриено под OLED екранот.
Што се однесува до спецификациите, информациите скоро и да ги нема, но како термин за премиера на уредот се спомнуваат март или април 2017 година.