Категории

Дали животните плачат кога се тажни?

Ова прашање почна да се поставува откако пред некоја година беше објавена веста за новороденото слонче кое неутешно плачеше пет часа откако мајка му го згази и го напушти.

„Некои цицачи можат да плачат ако се чувствуваат напуштени“, објаснил стручњакот за однесување на животните Марк Бекоф за Discovery News.

Стрес, а не тага

Човечките, но и новороденчињата на слоновите, веројатно плачат кога се под стрес, но тоа не е тага. „Сепак, и стресот е емоција“, истакнал Бекоф.

Исто така, тој кажал и дека некои поранешни студии покажале дека кокошките, глувците и стаорците покажуваат емпатија, односно, сочувствуваат со туѓата болка, што е уште покомплексна емоција. За да плачат, животните би морале да имаат друштвена природа, анатомија на окото слична на нашата и структура на мозокот која може да процесуира емоции.

Кучињата знаат да утешат

Кучињата се едни од подруштвените животни, но научниците и сопствениците досега не забележале ниту еден случај на депресивно или расплакано куче. „Меѓутоа, кучињата и некои други животни сигурно можат да страдаат и да го  препознаат страдањето на другите“, рекол професорот на еволуционерна антропологија на Универзитетот Дјук, Брајан Хери.

Во анкетата на страната Dognition, 72 отсто од испитаниците одговориле дека нивните кучиња малку до екстремно страдаат заради одвојувањето што главно се манифестира со цвилење и завивање. „Кучињата можеби не плачат со солзи, но плачат со гласот кога се исплашени, под притисок или осамени“, рекол професорот.

Повеќе од половината испитаници кажале дека нивните кучиња се обидувале да ги утешат кога тие биле тажни и расплакани.

Прегледи:
584
Објавено на:
14.08.2016