Категории

Дали знаете зошто невестата секогаш се наоѓа од левата страна на младоженецот

Обичај на свадба е невестата да се наоѓа од левата страна на младоженецот. Дали знаете зошто е тоа така?

Оваа традиција потекнува од времето кога браковите главно биле договорени, а киднапирањата биле честа работа на свадбите.

Поради тоа младоженецот секогаш морал да биде претпазлив, па невестата се наоѓала од левата страна, бидејќи мечот главно се носи во десната рака.

Обичајот се задржал сè до денес, а не е познато дали мажите леваци од дамнешните времиња морале да го почитуваат оваа правило без оглед што не им одговарало и како се снаоѓале.

Прегледи:
363
Објавено на:
31.01.2017