Категории

Дамата во хороскопски знак Рак е неповторлива

 Дамата која во хороскоп е Рак е неповторлива и неверојатна жена. Таа е дама за пример, лојална и приврзана.

Оваа жена во животот ги менува законите на физиката. Таа е во состојба од секоја куќа да направи дом и да понуди искрена топлина во секој аспект од животот.

Во кревет во исто време е нежна, силна, сензуална, нескротлива и непредвилива. Нејзините бакнежи со целото злато на овој свет не можат да се купат.

Нејзината искрена душа бара личност која умее да сака и која ќе знае да ги разбере нејзините тивки воздивнувања.

На мажот кој ќе и понуди поддршка и ќе се бори покрај неа во сите битки ќе му даде се и ќе оди со него до крајот на светот.

Совршена сопруга, грижлива и добра мајка која плени со својот вроден шарм кој го носи како права дама природно и спонтано, тоа е жената Рак.

Прегледи:
628
Објавено на:
02.06.2016