Категории

Дамата во овој хороскопски знак е како никоја друга

Чудесна, слободоумна, ексцентрична, искрена, иновативна, забавна, оптимистична…сето ова се карактеристики кои ја опишуваат дамата во хороскопски знак Водолија.

Дел од нејзината привлечност лежи во нејзината оригинаност, понекогаш тешко е да ја разберете и сфатите, но тоа е само уште еден знак дека Водолијата е секогаш своја.

За неа стереотипите не важат бидејќи тешко можете да ја ставите во калап, таа не подлегнува на социјалните правила и норми.

Од друга страна Водолијата има големо срце и секогаш е подготвена да помогне, без разлика дали е во прашање финансиска, емотивна или било кој друг вид на помош.

Многу е поврзана за своето минато и спомените кои ги чува како најголемо богатство.

Кога станува збор за љубов, таа ќе се погрижи врската да биде забавна, но тешко се вљубува. Потребно е време за Водолијата да се поврзе емотивно со својот партнер.

Кога е во врска, својата независност и слобода ги цени повеќе од се, а простор за “дишење“ му дава и на својот избраник.

Иделен партнер за неа се Вагата, Близнаците, Стрелецот и Овенот.

Водолијата е великодушна и е тука секогаш кога ќе ви затреба пријател.

Таа е жена која секогаш можете да ја прашате за искрен совет и која за вас ќе ги има вистинските зборови за утеха.

Прегледи:
960
Ознаки:
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
22.01.2016