Категории

Дами внимавајте – Мажите ги сметаат за тотално непривлечни овие нешта

Не може да се одрече дека мажите и жените секогаш биле раздвоени со некаков филозофски ѕид. Тоа е причината зошто тие обично имат доста различни погледи на животот. Тоа е и причината поради кога мажите и жените често имаат полно недоразбирања.

Она што за жените е нормално, за мажите не е. Доколку сакате да ја освоите наклонетоста на мажот, треба да го запознаете подобро. не морате да го менувате своето однесување и ставови ако сакате да го привлечете, но можеби сакате да дознаете кои нешта мажите ги сметаат за одвратни.

НЕ БРИЧИТЕ И НЕ ДЕПИЛИРАТЕ РАЗЛИЧНИ ДЕЛОВИ ОД ТЕЛОТО
Влакна на рацете. Влакна под пазувите. Влакна на нозете. За многу мажи ова не изгледа добро. Ако секогаш очекувате од вашиот маж да го одржува своето лице чисто и уредно, тогаш тоа можете да го сторите и вие со вашето тело.

НОСИТЕ ПРЕМНОГУ ШМИНКА
Мажите сакаат се да е природно драги дами. Да,можете да носите шминка за да ја истакнете својата природна убавина, но кога ќе нанесете до таа мера да изгледате како друга личност, вашиот маж ќе го смета тоа за грдо.

НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО КОНТРОЛИРАТЕ КОНСУМИРАЊЕТО НА АЛКОХОЛ
Никој не сака да се грижи за „пијано дете“. Следниот пат кога ќе одите во ноќен провод, погрижете се да задржите чувство на самоконтрола. АКо не можете да ја поднесете супстанција која ја внесувате, научете да кажете не. Мажите ги одбива кога ќе видат жени кои не се доволно одговорни.

НЕ СЕ ТРУДИТЕ ДА ЈА СРЕДИТЕ КОСАТА
Не. Никој кога ќе се разбуди не изгледа како Бујонсе. Ако вашиот маж постојано се труди да ви се допадне физички, и вие треба да го вложите истиот труд. Не е баш симпатично кога ќе излезете од дома а притоа да не ја измиете и исчешлате косата. На крајот ќе изгледате како бездомник.

НЕ ПРАКТИКУВАТЕ ДОБРА ОРАЛНА ХИГИЕНА
Ова би можело да биде една од ставките кои секој би ја сметал за грда. Практикувањето добра основна хигиена е непишан закон на човековата цивилизација. Мијте ги забите барем наутро и навечер и секој пат користете конец за заби и сретство за испирање уста.

ПРЕМНОГУ ПУШИТЕ ЦИГАРИ
Иако многумина мажи и самите пушат цигари, голем дел од нив го сметаат за непривлечно кога нивната дама мириса на чад наместо на парфем, свежо и чисто. Пушењето е опасно и може да го уништи човековиот организам.

КОРИСТИТЕ НЕПРИСТОЕН И ВУЛГАРЕН ЈАЗИК
Мажот секогаш ќе забележи фина и пристојна дама. Поради тоа би требало да престанете да употребувате непристојни зборови секој пат кога ќе разговарате. Проширете го својот вокабулар и импресионирајте го својот маж со својата интелигенција.

ПРЕМНОГУ СЕ ТРУДИТЕ ДА ИЗГЛЕДАТЕ СИМПАТИЧНО
На мажите не им се допаѓа кога нивните жени постојано играат улога на неспособни дами во неволја. Не сакаат нивната понежна половина да биде неприродно симпатична, туку да биде силна и независна.