Категории

Дамите родени во овој знак се најхрабрите и најлојалните личности во хороскопот

Убава кожа, елегантен врат, витки колкови и женствена фигура – тоа се најтипичните физички карактеристики на жените кои припаѓаат на овој знак. Изразот на лицето им е најчесто сериозен и со него даваат слика на една моќна, независна личност. Лојални, верни, одговорни, тврдоглави и амбициозни, овие жени се бестрашни и храбри во остварувањето на своите цели. Никогаш не се откажуваат и способни се да направат сѐ за семејството и оние луѓе кои ја докажале нивната доверба пред нив. Станува збор за жените родени во знакот на Јарец.

Нивната интелигенција и практичност доаѓаат до особен израз на работното место и единствената маана им е тоа што се во состојба толку добро да ги сокријат чувствата што ќе се збунат и себеси и другите околу нив. Секогаш се разумни и никогаш не ги прават работите против својата волја. Сакаат да се социјализираат и да се забавуваат со пријателите. Имаат оптимистички поглед кон животот и со својот морал и карактерна сила се способни успешно да ги совладаат своите непријатели.

Жената Јарец е силен емпат, ги разбира другите и сочувствува со нив. Ги распознава нивните дарби и слабости и подготвена е да помогне во секој момент на каков било начин. Како пријател е незаменлива и дарежлива, како сопруга е горда на своето семејство и исполнета со љубов и почитување, а како мајка е организирана личност која еднакво ги сака и дисциплинира своите деца. Нејзиниот карактер е еден од најмоќните во хороскопот.

Прегледи:
720
Објавено на:
06.05.2016