Категории

Дечко од Белград со хит порака: „Девојки, изгледате како парче месо во витрини“

Дечко, кој живее во Белград, со една своја порака поттикна стотици коментари и стана хит во регионот.

Коментирајќи го големиот број провокативни фотографии на социјалните мрежи, младичот кој на Facebook се претставува како Capitano, им се обрати на девојките кои споделуваат фотографии од своите разголени тела и начна дискусија за изместените вредности и површноста на современото општество.

Ајде да се обидеме да бидеме реални во следните неколку реда.

Извесно време сакав да направам ваква фотка, чисто за да разјасниме нешто.

Реално и објективно гледано, 99 од 100 мажи би рекле дека би спиеле со секоја од девојките на фотографиите.

Убави задници, допадливи пози, па зошто да не?

Но, друга приказна е што барем 95 од тие 99 мажи само би спиеле со тие девојки и никогаш повеќе не би им се јавиле, евентуално можеби кога повторно ќе имаат потреба.

Дали тие мажи се виновни за тој пристап?

Па, донекаде и се, мошне е површно.

Но, дали на тие мажи им е понудено нешто повеќе од тони и планини исти фотки, исти пози, исти филтри, исти прикази, кои не можат да инспирираат ништо друго освен базични инстинкти?

Да, но во многу мал процент.

Се обидувам да ви доловам нешто многу важно.

Доколку постојано објавувате фотки во тие една или две или три пози во кои испаѓате добро и притоа постојано на сликите прикажувате задник и гради, не е важно дали сте во костими за капење или долен веш или некој шорц/краток фустан/здолниште, како можете да очекувате од кој било маж да ве гледа како нешто друго освен сексуален објект?

Навистина не разбирам, еве објаснете ми ја ситуацијата во која некоја нонстоп си ги објавува градите и задникот, а си замислува дека некој ќе ја запознае со неговите родители и ќе ја гледа како столб на емотивна и стабилна врска која му го исполнува животот? Ајде, како?

И катастрофа е ова што го правите во последно време. Тотално ќе си го отсечете лицето или ќе го покриете со косата, или ќе го затемните и глумите некаква уметност, а всушност изгледа како месо во витрини. Секој гледа да земе добро парче и да го искористи и крај. Размислете малку за тоа.

Дали навистина сакате да бидете дел од витрина со изложено месо кое се употребува еднаш, човек се заситува и следниот ден гледа друго парче?

Навистина ми е жал што дојде вакво време, што се изопачија вредностите и станаа потполно базични, никаква длабочина, никаква приказна, сè е празно.

Намерно не искористив фотки кои ги гледам кај моите пријателки на Facebook, за да не се навредат. Зедов произволни фотографии од интернет, но реално, кога сами се давате така површно и примитивно, не гледам да имате право да се жалите за тоа како ве гледаат или што прават со таа понуда.

За крај, сакам само да кажам дека ми е многу драго што меѓу пријателите имам неколку личности кои се многу сексапилни, крајно атрактивни, многу посакувани, но немаат ниту една ваква „витрина фотка“. Повеќето се во фустани, елегантни, дамски изданија и неретко со насмевка, природна, искрена и топла која всушност најмногу освојува.

Е таква девојка посакуваш да држиш за рака, да ја однесеш кај родителите, да прошеташ со неа низ град, да изјавиш во јавност дека е твоја, да ја галиш и омажиш, а и да ја доведеш до она позитивно лудило кога ќе останете сами.

Да живеат дамите, кои ги има сè помалку, а за останатите, навиваме да се освестат пред да биде предоцна.

Прегледи:
421
Објавено на:
30.08.2016