Категории

Деми Ловато ја претстави спортската колекција на Fabletics

Познатата пеачка Деми Ловато ја претстави својата втора колекција за спортскиот бренд Fabletics насловена како “Demi Lovato for Fabletics”.

“Оваа колекција е инспирирана од мојот личен стил – на бината, дома и во теретана, така да добро се забавував со впечатливите бои, принтови и елементи кои ги сакам. Се чувствував сигурно и самоуверено во процесот на дизајнирање и мислам дека тоа и се гледа преку колекцијата”, изјави пеачката. Колекцијата се состои од 12 комплетни стајлинзи создадени од неколку парчиња како спортски градници, маици, јакни и одела за слоевито облекување. Темно розовата и кралската сина се провлекуваат низ целата колекција во која има и доста женствени парчиња.

Прегледи:
393
Објавено на:
23.08.2017