Категории

Денес е Бадник: Еве неколку од обичаите

Познат како ден пред Божик, Бадник е последниот ден од божиќните пости, а воедно и ден со најстрог пост. Овој ден се асоцира како еден од најсреќните денови бидејќи се најавува Христовото раѓање. Еве неколку од обичаите коишто се практикуваат:

Трпезата за Бадник е секогаш посна и се готват јадења како риба, грав, компир… Бадниковата маса се украсува со плетена кошница во која се става овошје. Се пие црвено вино за среќа во текот на целата година.

Се прави зелник и бадниково лепче во коешто се става паричка. Се верува дека на оној којшто ќе му се падне паричката, ќе биде среќен и успешен во текот на целата година.

Се зема гранка од даб, се носи дома и се пали, Бадник всушност го добил името по оваа гранка од даб. Се посипува слама во целата куќа, а најмногу онаму каде што е вечерата.

Се пали свеќа, се чита молитва, а потоа се почнува со вечерата и се ужива во посебната атмосфера.

Прегледи:
345
Категории:
Бадник
Објавено на:
06.01.2023