Категории

Интересни обичаи коишто се практикуваат за Бадник!

Бадник е ден пред големиот христијански празник Божик.

Бадник се слави секоја година на 6 јануари кога христијаните со радост го очекуваат денот на христовото раѓање. 

Кои се обичаите коишто се практикуваат за време на овој голем празник?

  • Бадниковото утро се карактеризира со распеани дечиња коишто одат на коледе и радосно пеат за христовото раѓање.
  • Се подготвува бадникова вечера којашто е составена од разни јадења како што се гравче, риба, компири, зелник, овошје и слично.
  • Се подготвува погача во којашто има паричка. Пред да се крши погачата, се оди пред врата и се кани дедо Боже да дојде на вечера. Потоа, се дели погачата. Се верува дека на оној којшто ќе му се падне паричката ќе биде среќен и благословен во текот на целата година. Притоа, вечерата не се собира од масата сѐ до утрото бидејќи се верува дека за време на ноќта ќе дојде дедо Боже да се нахрани.
Прегледи:
186
Објавено на:
05.01.2024