Категории

Денес е денот за кој вчера бевте загрижени

Денес, како и сите другите денови е единственото нешто кое што ни е подарено, зошто да го изгубиме размислувајќи за нештата кои би можеле да тргнат на лошо, наместо да го исполниме со прекрасно поминато време. 

Како сите убави мигови и нешта за кои треба да бидеме благодарни сега во овој миг почнуваат да исчезнуваат, и одеднаш почнуваме да се грижиме што ќе биде утре, што ќе се случи и почнуваме да размислуваме за најлошите можни сценарија кои би можеле да се остварат.

А денес е само утрето за кое се грижевме во вчерашниот ден. И таа грижа полека станува секојдневие, како проблемите да не доаѓаат нити заминуваат, туку едноставно се тука цело време. Се измачуваме себеси за нешто кое е плод на нашите стравови и сомнежи а не на вистината.

Денес, како и сите другите денови е единственото нешто кое што ни е подарено. Единствената можност која ја имаме да го искористиме на најдобар можен начин, тоа утре не е никому загарантирано, никој не знае дали ќе има уште еден ден кога ќе го виде изгрејсонцето, освен овој сегашен ден и миг. Зошто да го изгубиме размислувајќи за нештата кои би можеле да тргнат на лошо, наместо да го исполниме со прекрасно поминато време.

Престанете да ја предизвикувате несреќата и потоа да се прашувате зошто нештата не ви одат од рака. Престанете сами да создавате негативни чувства. Господарите со вашиот ум и само вие можете да одлучувате какво секојдневие ќе ве очекува.

Прегледи:
601
Објавено на:
06.05.2020