Категории

Денес е Меѓународниот ден на борба против насилство врз жената: Реагирај на насилство!

Секоја жена и девојка има право да живее во свет без насилство! Жените секојдневно се изложени на различни видови на насилство – физичко, сексуално, психолошко како и сексуално вознемирување на интернет.

Меѓународниот ден на борба против насилство над жените се одбележува во светот веќе дваесет години. Обединетите нации го избраа 25. ноември пред дваесет години како Меѓународен ден на борба против насилство над жените. Во повеќе од 100 земји во светот преку 1.700 организации на овој ден ја започнуваат кампањата „16 дена активизам“.

Во Македонија, според извештајот на ОБСЕ секоја втора жена е жртва на психичко насилство, а секоја седма жена е жрвта на физичко или сексуално насилство.

Родовото насилство врз жените е кршење на човековите права и против него мора да се бориме енергично. Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулската конвенција) беше изготвена токму за таа цел.

Тоа е најсеопфатниот и најдалекусежниот меѓународен договор чија цел е борба против насилството врз жените, кој предвидува обврски на државите за спречување на насилството, заштита на жртвите и гонење на сторителите. Конвенцијата го скрши мразот и кога станува збор за барањето од државите да криминализираат широк спектар на дела кои претставуваат насилство врз жените, вклучувајќи го и физичкото, сексуалното и психолошкото насилство, скришното следење, сексуалното вознемирување, осакатувањето на женски гениталии и присилните бракови.

Многу е охрабрувачки што 33 од 47 земји-членки на Советот на Европа веќе ја имаат ратификуваа Истанбулската конвенција.