Направете пауза секој ден! Направете пауза од очекувањата што ги имате од себе и очекувањата што другите ги имаат од вас. Не ви треба живот во постојано брзање. Дајте си време да почнете повторно да дишете, да чувствувате, да сакате. Кажете си: Светот нема да пропадне ако за момент исклучите се и се сконцентрирате смао на себеси. Самотијата е моќна, само тогаш ќе бидете најблиску до себеси и ќе можете да слушнете што ви заповеда вашето срце. Ве регенерира, ве прави поинаква личност. Ќе бидете посмирени, поопуштени и посреќни.
Зошто да не кажете дека денес е најсреќниот ден во вашиот живот? Без разлика што сте имале стотици убави пред него и што ќе имате стотици неверојатни после него. Кажете си, не ве кошта ништо! Без разлика што работите не се такви какви што би можеле да бидат. Важно е да се сеќавате на мирот. Зошто да не направите една ситница важна денес и да станете свесни колку животот може да биде убав без да се случи нешто посебно? Она што е посебно е што се разбудивте и добивте уште една шанса. Научете ја да цените!