Категории

Денес е Светскиот ден на посвојувањето: Секое дете заслужува да расте во здрав и среќен дом

Ниедно дете не заслужува да биде оставено, без грижа од родителите, но веќе кога ќе се случи тоа, секое од нив заслужува да добие топол дом и здраво опкружување, љубов и внимание.

Светскиот ден на посвојувањето е ден кога на светско ниво се изразува поддршка за семејствата кои посвоиле дете на тој начин што на дланките се црта смајли. Исто така, се настојува да се сврти вниманието на јавноста кон семејствата со посвоени деца и да се даде поддршка за децата да имаат среќна и безгрижна иднина.

Во текорт на денешниот ден, како и во текот на овој месец, се настојува да се укаже на проблемите со кои се среќаваат овие семејства кои е потребно да се решат за да се унапреди постапката при посвојување.