Осумнаесетиот ден од Јануари, православниот народ го слави Крстовден.
Денеска е зимскиот Крстовден, ден кој се слави во пресрет на Богојавление и е прв ден по Божиќ кога православните верници постат.
Денес радувајте сe, еве зошто:
Овој ден меѓу народот е познат како Водокрштение или Водпоост. Водокрштение се вика поради тоа што на тој ден се крштева (се осветува) водата, а Водопост веројатно се добило од Водици и постење, бидејќи Водопост е посен ден. Овој ден не е празник како што се следните два дена. На овој ден освен што се крштева вода, се пее и крстот и се прават последните подготовки за празникот.
Денес радувајте се, имаме толку многу работи поради кои мораме и требаме да се радуваме и да му се заблагодариме на Бога. Она што е навистина важно(семејството, децата, здравјето, здрави и живи родители, пријатели) често не го земаме како најголем приоритет а всушност треба, тоа е она на што треба да сме благодарни.
Размислете добро што е она што вистински ве прави среќни, подигнете ја главата кон небото и искрено заблагодарете се на Бога.
Но, најнапред, не заборвајте да се радувате. Радувајте се секој ден, радувајте се затоа што е Крстовден, затоа што сте здрави, затоа што имате некого кого го сакате и кој ве сака.
Извор : makedonijadenes.com.mk