Категории

Денес го славиме „Денот на македонскиот јазик“: Јазикот е нашата татковина, Блаже Конески

На 5. мај 1945 година, Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо. Овој ден го прославуваме како празник од работен карактер, а на 130. седница на владата одржана на 16. април 2019. година, 5. мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“.

Блаже Конески е втемелувач и еден од кодификаторите на современиот Македонскиот литературен јазик- виден книжевен, културен и јавен работник: академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и лингвист, преведувач и професор. Токму затоа, ве потсетуваме на некои од неговите најубави песни.

Љубов

Не иди зашто жалосна би била,
и колку да те копнеам – се ледам.
Што младоста во темен неврат скрила
ме влече назад со измамна сила,
но зар со подбив тоа да го гледам!
Сум сакал, сега цибрина ме свила,
не иди, љубов, жалосна би била.

Навреди

Кога би можел да ги изумам
трите навреди во мојот живот –
ох колку лесно би живеел тогаш?
Но тие тука се, присутни везден,

но тие живи се – будни и в соне,
и тие низ себе се пречистуваат
со привкус горчливо-тих.

Бура

Колку ненадно иде бурата.
В поле се мрачи, разлава ветар буен.
Демнеме. Сега прва молна ќе светне,
во нас ќе запали силен гнев.
Грмовни тонови, груби, искинати,
и настрвени како душите што ни се
дека во крвје тонеме.
А дали ќе можеш и тивка песна да зачуеш,
како цвет на гради стиснат,
сон, оти смевнато девојче ќе видиш,
како човечкото во тебе да плаче –
дали ќе можеш?

 

Прегледи:
680
Објавено на:
05.05.2020