Категории

Денес ќе дадам нова шанса, но само на себеси!

Не постои ништо поубаво од тоа да се сакате себеси, затоа последната шанса која ќе ја дадете, нека биде шанса за самите себеси, да почнете од почеток, да свртите нов лист, без сите тие личности кои ве влечеле надолу. 

Во ред е на човек да му дадеш шанса, дури и две, три и пет шанси. Секој одлучува за себе и сам ја крои својата судбина. Но кога ќе видите дека тој некој кому сте му дале толку шанси, и понатаму го прави истото, ве повредува на истите начини и вие сте на крајот оној кој е повреден, едноставно заминете.
Заминете поради себе, затоа што морате да се ставите себеси на прво место. Одземете им ја моќта која сте им ја дале толку лесно, кажете стоп и завртете се во својата насока. Во тишината одлучете самите на себе да си бидете важни.
Изберете ја љубовта спрема себеси и заминете во мир. На почетокот можеби ќе боли. Тешко им е на луѓето да ја видат вистината, како навистина е се.

Понекогаш повеќе слушаме приказни, наивно верувајќи даваме шанси. Шанса по шанса и така до недоглед.
Но запрете се и прашајте се себеси. Дали јас го заслужувам ова? Оваа болка и страдање?
Не! Секако дека не го заслужувате, не заслужувате некој да ве гази, да ве манипулира со зборови и дела. Но на вас останува конечниот збор.
Оставете ги во нивната игра затоа што кога играта ќе стане еднострана, и тие ќе отпаднат, сами од себе. Нема повеќе да им бидете интересни. А знаете ли зошто?
Затоа што нема повеќе да ги храните.
Затоа што сте се избрале себеси, и тоа не е нималку себично.

Што и да ви зборувале, пуштете и ослободете се. Сакајте се себеси, секој ден, повторно и повторно.
Не постои ништо поубаво од тоа да се сакате себеси, затоа последната шанса која ќе ја дадете, нека биде шанса за самите себеси, да почнете од почеток, да свртите нов лист, без сите тие личности кои ве влечеле надолу.
Дадете нова шанса, но само на себеси!

Прегледи:
522
Објавено на:
09.02.2020