Категории

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денес се празнува Голема Богородица- заштитничка на бремените жени,децата и семејството

Денес се празнува Пресвета Богородица. Имено таа била почитувана не само од христијаните туку и од муслиманите. Кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет.

Со свечена литургија, молитва и свеќа за здравје и бериќет, православните христијани утре(петок 28.08) го одбележуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица или попознат кај народот како Голема Богородица.

Во храмовите посветени на Мајката божја литургиите ќе почнат од вечерва, во пресрет на празникот.

Во Скопје, најсвечено ќе биде на Матка и во катедралната црква во центарот на градот „Рождество на пресвета Богородица”.

Според христијанската традиција, на овој празник се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода.

– Празникот народски попознат како Голема Богородица е денот кога Мајката Божја низ смртта преминала во вечен живот. Богородица е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот пресвета. Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството, вели професорот Марко Китевски од Институтот за македонска литература.

Народот верува дека Богородица е заштитничка и на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

 

Прегледи:
1325
Објавено на:
28.08.2017