Категории

ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА СВЕТА НЕДЕЛА: КОЈА БИЛА ТАА, И ЗОШТО ОВАА ГОДИНА СЕ ПАЃА ВО СРЕДА?

Нашите Православни верници не прават разлика помеѓу недела како седмичен ден и “св.Недела” како празник посветен на св.Недела.Света Недела е светителски празник посветен на маченицата Недела,и тој е еднаш во годината,на 20 јули.Св.маченица Недела е секогаш на една иста дата,а секоја година го менува денот.Додека пак седмичниот ден-недела е всушност денот во кој воскресна Спасителот наш Господ Исус Христос.Заради Христовото Воскресение се слави и денот-недела.Оти секоја недела е всушност мал Велигден.Затоа,правете ја разликата помеѓу седмичниот ден недела и св.Недела.

Света Недела се раѓа и живее во едно бурно и страшно време за христијаните,време кога со Римската империја управуваа царот Диоклецијан и неговиот зет Максимијан,познати по својата суровост и непријателство кон христијаните.Во нивното царство,во Анадолија,живеат побожните и благочестиви но и бездетни сопружници Доротеј и Евсевија.Но со постојана молитва со вера и надеж во Бога,Господ се смилува и им подари чедо кое се раѓа токму во неделен ден поради што и го добива името Недела.Родителите на долгочеканото чедо се погрижиле уште во раното детство,својата рожба да ја воспитаат и воведат во христијанската вера,да и го доближат Спасителот Господ Исус Христос Кој и постана нејзин пат,живот и вистина.
Но,секако,и Господ ја избрал младата Недела да биде Негов свидетел преку страданијата што ги претрпи за Христа како и со прекрасната нејзина убавина надворешна и внатрешна.Иако сеуште млада нејзината појава пленува и станува предизвик на многу млади кои ја бараат нејзината рака.Но Божјото провидение било поинакво.Таа требала да биде “стена” врз која Господ ќе ја гради Својата Црква.И навистина многу момчиња,цареви,кнезови,управници се сопнувале и паѓале пред нејзината стаменост и наместо невеста на обичен смртник,таа постанува невеста и следбеничка на бесмртниот Христос Господ.Заради тоа, младата Недела и нејзините родители биле наклеветени кај властите и подложени на разни маки при што нејзините родители маченички го завршиле својот живот,а нивната ќерка била испратена во Никомидија,престолнината на источната Римска империја кај кесарот Максимијан за да биде судена.И таму младата христијанка јавно и без страв ја исповеда Христовата вера.Кесарот и војниците се вчудоневидени како маченицата со песни и молитви ги поднесува страшните мачења.Притоа,светата маченица ќе му рече на мачителот:“Не измачувај,се Максимијане,никогаш не ќе можеш да ме подчиниш на својата волја,зашто Бог е со мене,Он ме крепи и ми помага”.Откако ја виде решеноста и силната вера,на младата Недела,да ги издржи сите страдања,кесарот ја испраќа кај управителот на Витинија,Иларион.И таму божјата благодет е со св.Недела.Воведена во идолски храм за да принесе жртви на идолите,таа се моли  на својот Бог при што настанува силен земјотрес,и сите идоли се претворија во прав и пепел а самиот Иларион загинува.Наследникот на Иларион,уште пожесток непријател на христијаните Аполониј изнаоѓа уште пожестоки методи за мачење.Ја врзува,младата маченица,потоа ја фрла в темница каде немилосрдно ја измачуваат,ја бичуваат…Но,ако е Христос со нас,кој ќе биде против нас.Додека невината девојка лежеше во темница целата во рани и се јавува Христос Господ,ја исцелува и и вели:”Не плаши се од маките,Недело,Мојата благодет е со тебе”.

1 2

Прегледи:
2173
Објавено на:
20.07.2016