Категории

ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА СВЕТА НЕДЕЛА: КОЈА БИЛА ТАА, И ЗОШТО ОВАА ГОДИНА СЕ ПАЃА ВО СРЕДА?

Следниот чекор на мачителот е оганот.Во огромните огнени јазици се фрла маченичката за да изгори.Но,таа и овој пат се моли кон својот Бог и од наполно јасното небо паѓа силен дожд и го гаси огнот,а светата маченица е повторно здрава и жива.И дивите ѕверови пред кои беше фрлена за да ја растргнат постануваат кротки како јагниња и легнуваат покрај нејзините нозе.Гледајќи ги овие чудеса многу незнабожци поверуваа во вистинскиот христијански Бог,но сите беа со меч пресечени.Тогаш св.Недела му вели на Аполониј:“По никој начин не можеш да ме одвратиш од мојата вера.Ако ме фрлиш во оган,ги имам за пример Трите Отрци;ако пак ме фрлиш пред ѕверовите,го имам примерот на Данило;ме фрлиш ли во морето го имам примерот на Јона;ако пак ме предадеш на меч,ќе се сетам на чесниот Претеча.За мене живот е-да умрам за Христа”.И кога најпосле беше предадена на џелатите да ја погубат со меч,таа ги замоли да и дозволат,да се помоли на Бога,пред да се изврши пресудата.Последната желба и ја исполнија,но тоа беше и последен нивен пораз,затоа што додека се молеше,Бог ја прими нејзината душа,па мечот на мачителите не ја допре нејзината глава.А нејзината молитва кон бога беше:“Бог да ги помилува и спаси сите кои ќе го слават мојот спомен,а мојата душа да да ја упокои заедно со душите на моите родители”.Веднаш по нејзиното блажено претставување се слушна глас од небото упатен кон војниците,кој рече:“Одете браќа и раскажувајте на сите за големите дела Божји”.Света Недела чесно пострада и се пресели во вечна радост на својот Господ на 7/20 јули 289-та година.Светата Православна Црква на тој ден не потсетува на нејзината љубов,на нејзината непоколеблива вера и надеж дека ако за Христа и умре ќе живее-во споменот на луѓето и вечното Царство Божјо.Иако и беше ветуван удобен,убав и раскожен живот на земјата,светата маченица,не посака ни брачна постела,ни палати,ниту богатства,ниту телесни наслади.Таа се вети на Христа и Бог ја исполни со сила на Светиот Дух,со која ги победуваше оние кои ја мачеа и ги рушеше идолите пред кои ја тераа да се поклони.Светата маченица Недела,благочестиви христијани,и по нејзината кончина,продолжи да живее на земјата кај сите што го честат нејзиното име и го почитуваат нејзиниот спомен.Таа е закрилничка и молитвеница пред Бога за сите оние што ќе ја побараат нејзината помош.

1 2

Прегледи:
2174
Објавено на:
20.07.2016