Немој да дозволиш овој ден да е уште само еден изминат во низата..
Немој да дозволиш овој ден да е уште само еден изминат во низата. Немој да го потрошиш како да е безначаен. Направи нешто посебно, нешто по кое ќе го паметиш. Исполни го со нештата кои ти донесуваат задоволство, направи нешто љубезно за некого, направи му го некому најубавиот ден во неговиот живот.
Бори се за нешто кое ќе направи промена, нешто кое е вредно и важно. Нека промената започне од тебе. Нека овој ден биде денот кој ќе се памети дека нешто почнало да станува подобро.
Немој да трошиш време на лутење, бес и разочарување. Пронајди време некого да сакаш, да си размениш убави чувства, пронајди време за насмевки и радост.
Реченицата дека секој се родил на овој свет со причина не се само празни зборови. Ако секое растение и животно на овој свет има некоја причина во целината на постоењето на космосот, колку причини само имаш ти и уште колку многу можеш да пронајдеш.
Сега е вистинското време да го откриеш она кое те обликува.
Денот кој го имаш денес никогаш повеќе нема да се повтори и затоа искористи го на најдобар можен начин. Живеј го својот сон и не дозволувај никого да ти каже дека тоа што го правиш не е вредно, никој не ја знае твојата цел а само ти избираш што ќе понесеш на својот пат!