Категории

Дерматолозите советуваат: Спиете со пуштена коса? Еве зошто не треба да го правите тоа!

Никој се уште не измислил чудесно решение за одржување на совршено чиста кожа, но постојат некои работи кои знаеме дека влијаат на изгледот на најголемиот орган на човечкото тело. 

Исхраната и стресот се едни од клучните фактори, а на здравјето на кожата може да влијае и околината и згадувањето на воздухот. Голема улога играат и гените, а во врска со нив не може многу да се влијае. Меѓутоа, постои една работа поради која кожата на вашето лице е во многу полоша состојба отколку што би требало да биде, а не сте ни свесни за тоа.

Многу жени заспиваат со пуштена коса, што може да биде една од најголемите грешки кои ги прават. Природното масло кое го создава косата, како и производите кои ги користите како шампон, регенератор и слично, можат да ги затворат порите на вашата кожа и да ја иритираат. Поради тоа, лицето може да ви биде во многу полоша состојба отколку што би било доколку косата не ви е пуштена.

Но, решението е едноставно. Дерматолозите советуваат пред спиење секогаш косата да ја врзете во репче за да не спиете на неа. Само внимавајте да не ја врзувате премногу цврсто за да не ја оштетите, а и нема да ви биде пријатно да спиете со цврсто врзано репче на главата.

Прегледи:
416
Објавено на:
29.06.2018