Категории

Десерт од јогурт за само 10 минути: Кремаст десерт кој морате да го пробате (РЕЦЕПТ)

Рецепт за кремаст десерт од јогурт – Лесен и брз за подготовка, а вкусот не се заборава!

Дали сакате ладен, освежувачки и кремаст десерт кој лесно се подготвува? Обидете се со рецепт за лажен тирамису кој сигурно ќе ве воодушеви. Всушност станува збор за едноставен фил на основа на грчки јогурт, кој за разлика од вистинскиот тирамису, е многу полесен и помалку калоричен.

 

Состојки:

  • 100 гр. бисквити
  • 2 дл. ладно млеко
  • 400 гр. грчки јогурт
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 100 гр. малини или друго овошје по ваш избор (боровинки, капини, свежо сецкани праски, манго…)
  • малку какао или темно чоколадо

 

ПОДГОТОВКА:

  1. Подгответе ги чашите во кои ќе го послужите десертот.
  2. Во јогуртот додадете го шеќерот и екстрактот од ванила. Изматете со миксер.
  3. Натопете ги бисквитите во млеко, а потоа преполовете ги со прстите и поделете ги во чашите. Во зависност од вашиот вкус, изберете дали да ставите повеќе или помалку бисквити во чашата. Додадете неколку претходно измиени малини и прелијте ги со една лажица фил од јогуртот. Ставете ги чашите во фрижидер еден час.

 

  1. Пред сервирање, гарнирајте со малку какао или малку темно чоколадо.
Прегледи:
642
Објавено на:
27.02.2020