Категории

Детален и сеопфатен хороскоп: Сè што треба да знаете за вашиот знак!

Секој хороскопски знак има карактеристични црти на личноста, кои ги одредуваат неговите приоритети во животот. Експертите од областа на астрологијата веруваат дека за тоа е „крива“ положбата на планетите во моментот на вашето раѓање и поради тоа секој од нас се разликува, дури и кога сме родени под ист хороскопски знак. Деталниот и сеопфатен хороскоп кој следува ќе ви открие кои 5 полиња се најважни во животот на секој хороскопски знак, како и некои можеби помалку познати, но секако интересни нивни особини.

Овен

Карактер: Овните не можат да се пофалат со успех при водење работни преговори и одржување работните соработки. Не поднесуваат превртливи, нечесни и лажливи луѓе, па без размислување ќе им кажат што мислат и на тој начин ќе го прекинат работниот однос.

Изглед: Тие се држат натпросечно исправено, а чекорот им е цврст, брз и одлучен. Благодарение на спортскиот дух, тие се весели и активни до длабока старост.

Љубов: Истражувањата покажуваат дека главните причини поради кои Овните ќе ја прекинат врската со својот партнер се рамнодушноста, предвидливоста и недостатокот на страст. Тие особини ги доживуваат како ладен туш.

Брак: Како причина за распаѓање на бракот често се наведуваат постојаното проверување, излив на љубомора и претресувањето на џебовите од страна на партнерот.

Здравје: Тие поретко посетуваат доктор за разлика од другите знаци. Најголеми непријатели им се високата температура и грипот, а силната волја и инатот – најдобрите сојузници во борба против болестите.

Бик

Карактер: Биковите заземаат високо место на скалата на омилени шефови. Посебно го ценат талентот и способностите на своите подредени и сметаат дека е важно да се наградуваат вредните, доверливите и лојални работници.

Изглед: Строгите диети и макотрпните вежби кај нив постигнуваат послаби резултати. Владетелката на нивниот хороскопски знак, Венера, им подарила бујни телесни пропорции на кои не е лесно да се влијае.

Љубов: Истражувањата во кои се користеле разни снимки од забави покажуваат дека тие почесто од другите ги држат своите партнери околу струкот во приликите кога се запознаваат со други луѓе или на влегувањето во локалот, дека постојано го следат својот партнер и дека се муртат ако тој или таа танцува со некој друг.

Брак: Тие се спремни долго, долго да ја чекаат личноста на која ѝ се додворуваат да им возврати на љубовта. Астролошкото објаснување на тој феномен е трпеливоста и посветеноста која ја поседува овој знак.

Стил: Биковите немаат високо мислење за луѓето кои употребуваат евтини парфеми, носат облека од вештачки материјали или пак живеат во дом чие внатрешно уредување одава лош вкус.

Близнаци

Работа: Доколку Близнаците заклучат дека нивното хоби им носи повеќе корист и пари отколку нивното вистинско занимање, тогаш тие без жалење потполно ќе му се посветат. Исто така, тие можат многу да постигнат во работата за која на почетокот ја сметале како привремена.

Способности: Со леснотија усвојуваат нови зборови и граматички правила, па побрзо од останатите се разбираат на јазикот во земјата во која се наоѓаат. Тие се најбројни помеѓу полиглотите, а се сметаат и за одлични преведувачи.

Хумор: На психолошките тестови за хумор постигнуваат одлични резултати. Тие се вистински мајстори за вицови и разни досетки. Имаат способност и наједноставната случка да ја прераскажат на тој начин што слушателите слатко ќе се изнасмеат, па затоа и нивното присуство на забавите е гаранција за успешна вечер.

Љубов: Дека од љубовта никогаш не им е доста, сведочи и податокот дека се венчаваат дури и во старечки дом. Ниту неколку пропаднати бракови за нив не се причини да не го изговорат повторно судбоносното „да“.

Хоби: Решавањето на крстозбори и загатки или пак, учеството на квизови им е омилена забава. Студиите покажуваат дека 25% од победниците на разни натпревари се токму од овој знак, што е три пати поголем од нивниот удел во населението.

2-detalen-i-seopfaten-horoskop-se-shto-treba-da-znaete-za-vashiot-horoskopski-znak-

Рак:

Работа: Не се снаоѓаат баш најдобро во улога на надреден. Избегнуваат да одржуваат говори или да се обраќаат на јавноста, тешко воспоставуваат авторитет, а како недостаток им се припишува и големата тврдоглавост.

Љубов: Ако нешто им тргне на лошо, почесто од другите заскитуваат и се одаваат на пијалакот, талкањето и прекумерните физички задоволства.

Дом: Домот честопати им личи на складиште за непотребни работи. Овие традиционалисти со уметничка чувствителност се врзуваат за предметите, па затоа тешко се одвојуваат дури и од најбезначајните ситници.

Здравје: Во доцните години од својот живот тие без грешка ја предвидуваат временската прогноза. Кога станува збор за чувствителните, кои силно реагираат на сите промени во околината, овој податок и не е толку чуден.

Семејство: Семејниот живот им е посебно важен, а домот го сметаат за приватна работа. Токму овие особини не одат под рака со дружељубивоста, па затоа со соседите потешко и поретко остваруваат пријатен однос.

1 2 3

Прегледи:
827
Објавено на:
09.07.2016