Категории

Детален и сеопфатен хороскоп: Сè што треба да знаете за вашиот знак!

Лав

Карактер: Припаѓаат на ретката група среќници кои не подлегнуваат на трема и паника пред испит, како ниту во ситуациите кога треба да настапат пред публика. Најголемиот број на естрадни ѕвезди се родени во овој знак.

Професија: Нема многубројни интелектуалци или научници во знакот на Лав. Се чини дека нивниот практичен интелект и амбиции не се поттикнати од учењето.

Љубов: Лавовите сакаат да се фалат со сè што поседуваат, па така и со изборот на партнер. Саканата личност гордо ќе ја покажат во друштвото и ќе го истакнат нејзиниот шарм, образование, знаење и убавина.

Забава: Тие се најверни посетители на сите важни и неважни социјални случувања и се редовни гости на сите гламурозни забави.

Сексуалност: Мажите почесто патат од сексуални проблеми, а причината за тоа е нивната гордост и суета кои ги спречуваат да побараат помош. Наместо тоа, вината за своите проблеми ќе ја префрлат на партнерот.

Девица

Интелект: За решавањето на секојдневните проблеми им е потребно повеќе време отколку на останатите знаци, бидејќи премногу време посветуваат на деталите и анализите, па побавно ја согледуваат целината на проблемот.

Кариера: На менаџерските и банкарските положби го заземаат второто место. Иако ова се чини како успех, тие го достигнуваат после педесеттата година.

Љубов: Прво пронаоѓаат причина против некоја врска, за дури после анализирањето на недостатоците и предностите на партнерот да се препуштат на магијата на љубовта.

Навики: Пребирливи се и склони кон усвојување чудни навики, па затоа нивните постапки понекогаш е тешко да се сфатат. На пример, попрво би се качиле во автомобил при потрага на нивната омилена паста за заби, отколку во првиот маркет да купат друга паста со истиот квалитет.

Здравје: Имаат најосетлив дигестивен тракт. По правило нивниот желудник лачи вишок желудочна киселина, па честопати заболуваат од чир на желудникот.

3-detalen-i-seopfaten-horoskop-se-shto-treba-da-znaete-za-vashiot-horoskopski-znak-

Вага

Изглед: Тврдењето дека припадниците на овој знак се едни од најубавите, потврдуваат и експертите од козметичката индустрија. Овие знаци се најмалку склони кон брчки, поради што и во зрелите години имаат мазно лице.

Љубов: Тие се наоѓаат на врвот на листата на луѓе на кои жените најмалку им веруваат. Највешти се во ласкањето и заведувањето, на чиј шарм е тешко да се одолее.

Пари: Никој друг не ги обожава кредитните картички, симболите на парите и новите трендови кои толку многу сакаат да ги следат како Вагите. Иако ги користат со уживање, плаќањето на сметките не им оди баш од рака.

Брак: Во браковите во кои разликата во годините е десет или повеќе години, Вагите се позастапени од другите. Сакаат многу постари или помлади.

Талент: Сетилото за мирис им е посебно развиено, што ги прави идеални за работа во индустријата на парфеми. Без потешкотии ќе го намирисаат и мирисот на туѓо тело, па бидете внимателни доколку ве прегрнува и некој друг освен нив.

Скорпија

Темперамент: Склоноста кон неконтролирани изливи на бес ги изедначува со Овните. Во тоа лесно ќе се уверите доколку започнете јавно да ги анализирате пред другите или ако им поставувате премногу лични прашања.

Хумор: Ако сте љубители на црниот хумор, побарајте го нивното друштво. Луѓето кои ги познаваат Скорпиите тврдат дека со нив е премногу забавно, а најмногу уживаат во нивните луцидни провокации и смешни досетки кои ги прилагодуваат во сржта на проблемот.

Биоритам: Настапуваат во својот вистински елемент дури кога ќе падне ноќ. Концентрацијата им е најјака околу полноќ, па најлесно учат и работат кога останатите спијат.

Кариера: Создадени се за берза. За ова способност може да ѝ се заблагодарат на сигурната интуиција и потребата да ги победуваат другите.

Мода: Сакаат да провоцираат и да одат до крајност. Сакаат украсување на телото, па со задоволство ги покажуваат впечатливите тетоважи, повеќе издупчените уши или пирсингот на носот или папокот.

1 2 3

Прегледи:
801
Објавено на:
09.07.2016