Категории

Детален и сеопфатен хороскоп: Сè што треба да знаете за вашиот знак!

Стрелец:

Сексуалност: Сексолозите истакнуваат дека овие луѓе најретко се сретнуваат со сексуални проблеми. Сексуалните активности ги доживуваат како здрави за телото и поттикнување на духот, па им се препуштаат непречено како да станува збор за спорт.

Брак: Нивните брачни партнери сметаат дека најголем недостаток на Стрелците е нивната склоност кон неверство. Предностите кои најмногу ги ценат кај нив се толерантноста и подготвеноста за простување, а истакнуваат дека во домот често внесуваат ведрина и динамика.

Дом: Не сакаат столици. Гледаат телевизија седнати на перници на подот, на кои им даваат предност и над креветот. Дури и кога јадат, често седат на „турски“ начин.

Рекреација: Тие важат за најактивни луѓе. Причината лежи во вродената живост, но многумина помеѓу нив се верни фанови на јогата и други облици на гимнастика.

Хоби: Најчесто уживаат во допир со природата, па за кампување или спиење во вреќи под отворено небо се одлучуваат полесно отколку останатите.

4-detalen-i-seopfaten-horoskop-se-shto-treba-da-znaete-za-vashiot-horoskopski-znak-

Јарец

Пари: Јарците припаѓаат на онаа група луѓе кои редовно купуваат скапи марки. Сепак, не се страсни купувачи и ги купуваат само неопходните работи, а критериум е квалитетот и трајноста на производот.

Однесување: Некои тврдења во врска со нив покажуваат дека треба да се преиспитаат, а затоа сведочи и податокот дека тие не придаваат значење на брачната верност во онаа мера во која се смета дека треба. Со текот на годините стануваат поведри и поопуштени, па со тоа сè посклони кон неверство и привремени вонбрачни патувања.

Работа: Работниот ден на Јарците честопати трае до доцна во ноќта. И не треба да ве чуди тоа дека тие најчесто се бричат, тушираат и преслекуваат во канцеларијата.

Хоби: Во овој знак се родени многу истакнати музичари, а особено гитаристи. Тие се сензибилни повеќе отколку што се мисли, а забележан е и рекорден број на Јарци комичари!

Слободно време: Една од омилените разоноди им е шахот, игра која го вежба мозокот и ја развива комбинаториката. На овој начин ги учат стратегиите на делување кои ги применуваат и во работата.

Водолија

Работа: На работното место кое бара оригиналност најчесто доаѓаат Водолиите. Дури и работата на подвижна лента ја работат на сопствен начин.

Технологија: Фасцинирани се со сè што е ултрамодерно. Меѓу првите купиле компјутери и се приклучиле на Интернет, а и при купувањето честопати се служат со апарати. Ќе ја прегрнат техно музиката, дури иако израснале со рок.

Љубов: Со нив е тешко да планирате иднина. На нивните партнери најмногу им смета склоноста да воспоставуваат пријателски односи со бившите партнери, како и да се често несигурни во природата на своите чувства.

Односот со другите: Пријателите најчесто им замеруваат за немирот и постојаната потреба за промена. Не ги држи ни време ни место, па нивното излегување најчесто изгледа како трчање од кафуле до кафуле, а брачниот живот е проследен со чести преселби.

Патување: Штом здогледате личност наоружана со камери, фотоапарати и двоглед, нема да погрешите ако ја прогласите за Водолија. Шумата ја сметаат за идеално место за живот и одмор. Ова склоност ја влечат од минатото, бидејќи во митологијата токму водоносецот бил заштитник на шумските џуџиња.

Риби

Карактер: Во населението на следбеници на различни секти, дури и на оние со сомнителни програмски начела, Рибите се најзастапени. Причината е двојна: Тие сакаат да се жртвуваат во корист на заедничкото добро, но и лесно можат да се заведат, посебно кога ќе сретнат вешт говорник.

Особини: Иако се сметаат за неуредни и површни, сепак се во предност во брзината на пронаоѓање предмети на работната маса, како и во леснотијата со која се присеќаваат на нејзината содржина.

Хоби: Уделот на Рибите во онаа група која редовно практикува дисциплини како што се тарот или геомантии е висок.

Навики: Обрнете внимание на нивното однесување во моментите на замисленост или додека концентрирано размислуваат, ќе забележите дека несвесно тријат или вртат преврзок, прстен, нараквица…

Љубов: Први се во заљубувањето на „прв поглед“. Припадниците на овој знак често го изјавуваат и тоа дека своите идни партнери најнапред ги запознале во сонот, а дури потоа во реалноста.

1 2 3

Прегледи:
827
Објавено на:
09.07.2016