Категории

Дете на 10 години тежи 192 килограми, со строга диета се обидуваат да му го спасат животот

Арја Пермана има само 10 години, а тежи 192 килограми. Неговите родители очајно се обидуваат да му помогнат, но поради лошата финансиска состојба не се во можност да го однесат во подобри болници за да добие соодветна медицинска нега.

Младото момче од Индонезија, нарекувано „најдебелото дете во светот“, консумира по пет оброци дневно, кои вклучуваат ориз, риба, телешко месо, зеленчуци и супа.

02

03

„Син ми се зголемува со огромно темпо и сум загрижена за неговото здравје. Не знам друг начин за да го спречам да ја покачува тежината освен тоа да му давам помалку храна“ – изјавила мајката на Арја.

04

05

Момчето се родило со нормална тежина, но на 2-годишна возраст започнало нагло да се здебелува.

Семејството се има консултирано со неколку различни доктори, но никој од нив не успеа да открие која е причината за апетитот на Арја.

„Немам доволно пари за храна за да му го задоволам големиот апетит. Позајмувам пари за да може тој да јаде. Се разбира, не можам да го оставам да гладува. Истоштен сум и не можам да си дозволам да го однесам во скапи болници. Но, се надевам дека еден ден син ми ќе биде совршено нормален“ – рекол таткото.

06

07

08

09

10

Според информациите до кои дојдоа светските медиуми, сега Арја е на строга диета со кафеав ориз.

Прегледи:
487
Објавено на:
01.07.2016