Категории

Дете со бакнежи ја разбудило мајка си од кома после три години

(ВИДЕО) Неверојатна приказна – Двегодишно дете од Кина, Гао Куианбо успеало со својата љубов да ја разбуди мајка си која повеќе од 3 години била во кома.

Во мигот кога доживеала сообраќајна несреќа, пред повеќе од 3 години, мајката на Гао, Занг, не ни знаела дека е во бремена состојба.

Дури после хоспитализацијата било утврдено дека Занг носи бебе, што докторите му го соопштиле на нејзиниот сопруг, како и прогнозата дека таа никогаш нема да се разбуди од кома. наредните пет месеци сопругот за грижел за неа дома, додека не дошла до стабилна состојба кога со помош на царски рез, на свет дошол малиот Гао. Момчето секој ден го поминувало покрај својата мајка, до мај оваа година кога неговиот глас одненадеж ја разбудил Занг од кома.

Со цел да не ја хранат Занг со болничка храна, одлучиле да и даваат нормални намирници кои нејзиниот син ги џвака место неа, затоа што Занг може да голта но не и да џвака.

Прегледи:
628
Објавено на:
03.12.2020