Категории

Детокс смуди кое ги топи килограмите како со магично стапче

Не ви е потребно вистинско магично стапче за да ги стопите килограмите. Се што ви е потребно е детокс- смуди за појадок. Кога утрото ќе го започнете со чаша богата со хранливи материи, проблемите како сува кожа, коса, вишок килограми и хормонална нерамнотежа и загрозен имунитет, ќе стане ваше минато.

Детокс-смудито е ефикасно затоа што се прави од одбрано овшје, зеленчук, семки, јаткасти плодови и зачини кои се полни со витамини, минерали, фитонутриенти, како и диетални влакна. Ако при самата помисла дека на празен желудник треба да испиете ‘smoothie’ од „гол“ спанаќ, добивате мачнини, не грижете се, овие состојки кои денес ви ги претставуваме се далеку повкусни. А што е уште подобро е тоа што не ви се потребни повеќе од 5 минути за подготовка.

Потребни состојки:

  • половина авокадо
  • 1 кива
  • 1 стапче целер
  • 1 лажица семки од сончоглед во прав
  • рака листови свежо нане
  • свежо сомелен бибер
  • малку сол

Подготовка:
Пред да го ставите во блендер сето овошје и зеленчук, добро иситнете ги на парчиња. Потоа заедно со семките, нането, зачините измиксирајте ги и префрлете ги во соодветна чаша.

Зошто е добро ова смуди?
Авокадото е богато со антиоксиданси и витамини Е и Ц. Фитонутриентите кои се наоѓаат во кивите служат како заштита за ДНК ланецот, ги отстрануваат слободните радикали и го подобруваат здравјето и кардиоваскуларниот систем. Целерот го штити цревниот тракт од воспаленија а нането е извор на магнезиум, железо и калциум и го поддржува системот на варење.

Прегледи:
489
Објавено на:
16.11.2021