Категории

Децата родени во декември се посебни: Еве и зошто!

Декември е месец во кој се раѓа најмал број на бебиња, па тие се сметаат за посебни од самиот почеток. Ова се неколку факти за бебињата родени во декември кои ги потврдиле и научниците.

Помалку деца во овој период од годината

Ова е месец во кој статистички се раѓаат најмалку деца. Иако можеби роденденот на детето ќе се поклопи со некој празник, ова сепак значи дека вашето дете ќе го слави роденденот во најволшебниот месец кога луѓето чувствуваат радост и среќа.

Рано се будат и рано легнуваат

Истражувањата на италијански и шпански студенти откриле дека луѓето кои се родени во декември се утрински типови, за разлика од оние родените во лето. Други студии покажале дека децата родени во зимските месеци и порано си легнуваат.

Голема е веројатноста дека ќе бидат левораки

Психолозите од Универзитетот во Виена откриле дека децата родени од септември до февруари имаат поголема шанса да бидат левораки.

Долговечност

Секој родител сака неговото дете да живее долго, а децата родени во декември имаат поголеми шанси. Објавена е една германска студија во која се вели дека децата родени во декември имаат значајно поголема веројатност да доживеат 105 години, во споредба со бебињата родени во јуни.

Родени спортисти

Децата родени во овој период од годината се природни спортисти, според истражувањата објавени во магазинот The International Journal of Sports Medicine. Ова е изразено поради тоа што биле повеќе изложени на витамин Д (повеќе летни месеци) во текот на бременоста.

Прегледи:
852
Објавено на:
01.12.2021