Категории

Детската љубов е безусловна и бесценета

Малечка приказна за невината љубов на децата која ќе ви измами насмевка на вашето лице 

Едно прекрасно девојче држело две јаболка во своите раце. Нејзината мајка влегла во собата и го прашало девојчето со насмевка: „Душо, дали ќе и дадеш едно од тие јаболка на твојата мајка?“

Девојчето ја погледнало својата мајка молчејќи неколку секунди, а потоа одеднаш брзо го гризнало едното јаболко а потоа и другото.

Насмевката на лицето на мајката одеднаш ја снемала. Се обидела да го сокрие своето разочарување од однесувањето на своето дете.

Потоа девојчето и го пружило едното јаболко на својата мајка и рекло: „Еве мамо, земи го ова е послатко!“

Прегледи:
890
Објавено на:
09.03.2020