Категории

Девојче кое не можело да зборува, за прв пат ги изговара зборовите „ТЕ САКАМ“ на магарето Шокс

Ова се Амбер и магарето Шокс, а она што ги поврзува е тешкото минато кое го имаат зад себе. Шокс го пронашле врзан за јаже околу вратот прекриен со лузни и рани кои покажуваат дека бил измачуван. За среќа, тој бил спасен и префрлен во засолништето за магариња во Бирминген, Англија, а токму таму ја запознал малата Амбер.

Кога се запознале девојчето не можела да изговори ниту еден збор. Откако била родена пред време заедно со нејзината сестра, имала операција која и го спасила животот, но и го одземала гласот. Згора на тоа, таа боледува од церебрална парализа поради што ситуацијата била уште покомплицирана.

Но, сѐ се променило кога го запознала магарето Шок. „Речиси веднаш можевме да ја забележиме силната поврзаност помеѓу нив, колку беа нежни еден кон друг“, раскажала мајката на Амбер.

Во меѓувреме мускулите на Амбер се зајакнале и нејзиното здравје се подобрило. Наскоро таа имала уште една операција по која се очекувало дека ќе и се врати способноста за говор. Првите зборови на Амбер кои ги изговорила биле „Те сакам, Шоки.“

„Не можам да објаснам колку бевме горди на неа и какво олеснување почувствувавме кога прозборе“, се сеќава мајката на Амбер. „Тие се излечија меѓусебно“!