Категории

Девојка нарекувана „дебела свиња“ ослабе 54 кг откако била извисена од саканиот на Нова година

Девојка, која била нарекувана „дебела свиња“ поради нејзините 118 килограми, ослабе 54 килограми и целосно се трансформира себеси од „депресивна, дебела и изгубена“ во енергична, здрава и среќна личност.

Сара Пејџ била многу несреќна со својата тежина. Кон неа постојано биле упатувани негативни коментари, не можела да си пронајде облека кога ќе излезела на шопинг, страдала од ниска енергија и се чувствувала мизерно во своето тело.

02

03

„Се сеќавам дека кога ќе излезев со пријателките, имаше момчиња кои ме нарекуваа дебела свиња и се сеќавам дека се заглавував во алиштата во соблекувалната. Се сеќавам дека не можев да си ги видам стапалата кога ќе погледнев надолу додека се туширав. Бев огромна. Можам да продолжам да ви набројувам слични моменти, но за мене пресудна беше новогодишната вечер“ – вели 24-годишната девојка.

Имено, Сара била извисена од момче кое многу ѝ се допаѓало и тоа на Нова година.

„Бев извисена од момче. Секоја девојка што била некогаш извисена знае колку боли тоа. Беше Нова година и очекував супер добра ноќ со момче кое навистина многу го сакав. Да бидам извисена најверојатно беше најпонижувачкото нешто што ми се случило. Тогаш знаев дека морам да се променам“ – објаснува Пејџ за причината која ја поттикнала на промени.

04

Пред Сара стоеле две опции за иднината – да продолжи со својот начин на живот или да започне да слабее и да стане најдобрата верзија од себе. Таа ја избрала втората опција и целосно го трансформирала не само своето тело, туку и своето здравје и самодовербата.

09

10

11

Сара сега сака да инспирира и други лица кои сакаат да ослабат и им советува на оние кои сакаат да ја намалат својата тежина да побараат помош.

„Сакав да го споделам моето патување за да ги инспирирам жените кои сакаат да ослабат. Едноставно започнете! Слабеењето е како да учите да возите или да врзувате врвки. На почетокот е тешко, но потоа станува природно и многу полесно. Најдете тренер или ментор кој веќе го постигнал она што вие сакате да го постигнете. Опкружете се со позитивни истомисленици – поддршката е многу важна. Нас ни требаат луѓе кои ќе ни помагаат во тешките моменти и кои заедно со нас ќе го слават нашиот напредок и нашите победи“ – вели Сара.

12

13

15

18

Погледнете го видеото …

 

Прегледи:
479
Објавено на:
20.09.2016