Категории

Џеј Зи и Бијонсе пред развод поради вонбрачен син

Светските медиуми пишуваат дека славната двојка Џеј Зи и Бијонсе се пред развод, и тоа наводно поради раперот.

Иако многу медиуми со години наназад шпекулираат за развод на оваа двојка, кризата наводно достигнала сериозно ниво. Бијонсе постојано се расправа со сопругот бидејќи Римир Сатертвејт упорно тврди дека е вонбрачен син на Џеј Зи.

Овој 23-годишник тврди дека неговата мајка Ванда спиела со раперот пред многу години.
Пријателите на славната двојка тврдат дека пејачката и раперот водат одвоени животи и дека нивниот брак се распаѓа.

Иако раперот демнатира дека е татко на Римир, упорно избегнува DNK анализа. Џеј Зи инаку е татко на Блу Ајви, што ја доби во бракот со Бијонсе.

Ова не е прв пат да се шпекулира за криза во бракот на двете ѕвезди. Претходно таблоидите пишуваа дека раперот ја изневерувал Бијонсе многу пати, но ваквите наоди никогаш не бе потврдени.

Извор: Макфакс

Прегледи:
334
Објавено на:
22.01.2017