Категории

Џемпер фустаните повторно се враќаат: Еве како да ги носите

Ви претставуваме мини моден водич кој ќе ви докаже дека џемпер фустаните се одлична инвестиција и парче облека што на секој му прилега совршено

На џемпер фустаните може да гледате како на есенска верзија на лепршавите фустани што ги носевме во топлите летни денови. Тие се удобни и, пред сè, разноврсни, а многу добро познати улични стилови и луксузни брендови секоја година ни претставуваат голем број на различни силуети кои што обожаваме да ги носиме. Тие можат да се носат со апсолутно секаков вид обувки, од патики до чизми и се многу лесни за комбинирање со други парчиња облека.

 

Ако претпочитате слоевит стил, можете да облечете џемпер фустан со тексас јакна или долг кардиган кој одлично изгледа под дебелиот мантил, додека моделите со ролка ќе изгледаат одлично со нанижани ѓердани или преголеми обетки.

 

Проверете ги најдобрите стилови на џемпер фустан подолу и инспирирајте се во студените денови што претстојат.

Прегледи:
684
Објавено на:
16.10.2019