Иако најчесто Џеј Ло добива пофалби за својот стил на облекување и модни избори, овој пат таа направи пропуст.
Им се случува и на најдобрите. Овој пат „на тапет“ на модните критичари се најде Џенифер Лопез. Иако ретко се случува да погреши, овој пат нејзиниот стајлинг беше прогласен за модна катастрофа.
Џеј Ло беше забележана како ја напушта ординацијата на својот дерматолог облечена во свилени панталони и кошула во лаванда нијанса заедно со долг капут и патики. Критичарите се сложија дека оваа комбинација никако не е во тренд и ваквите парчиња веќе уште во есента стана „аут“.
„Сведочевме на големата популарност на ваквите стајлинзи, но сега тие повеќе не се актуелни, нити се одраз на добар стил.“
„Ова е одличен пример како не треба да се облекувате“ – заклучија тие, коментирајќи го стајлингот на латино дивата.