Категории

Џенифер Лоренс фатално заводлива за роденденското издание на американскиот Vogue

Спектакуларното септемвриско издание со кое американскиот Vogue го слави својот 125 роденден во потполност ќе го краси најплатената актерка на светот – Џенифер Лоренс.

Роденденското издание доаѓа со мини едиторијал во кој актерката се трансформира во неколку различни изгледи.. 24-годишната ѕвезда од Кентаки ја фотографираа реномираните Ени Лебовиц и Брус Вебер а носи парчиња потпишани од модните куќи Versace, Dior, Miu Miu и Ralph Lauren. За интервјуто таа сподели и детали околу нејзиниот најнов филм “Mother” и врската со нејзиниот партнер – режисерот Дарен Арнофски.

Прегледи:
272
Објавено на:
10.08.2017