Категории

Џиџи Хадид дизајнира колекција во соработка со Томи Хилфигер

#TOMMYNOW Women's Runway Show Fall 2016 - Runway

Ит-моделот Џиџи Хадид ја претстави колекцијата во соработка со дизајнерот Томи Хилфигер. Соработката беше најавена уште од 2015 година кога Џиџи за прв пат стана едно од заштитните лица на брендот. Колекцијата предизвика бура позитивни критики и пофалби упатени кон младиот модел кој храбро чекори во модниот свет. Џиџи нестрливо го зачинуваше исчекувањето споделувајќи фотографии од колекцијата уште пред нејзиното претставување. Поголемиот дел од моделите кои ги презентираа парчињата беа блиски пријателки и колешки на моделот.

Во првите редови на шоуто гордо седеа мајката на Џиџи – поранешниот супермодел Јоланда Фостер, помладиот брат Анвар Хадид и нејзината блиска пријателка Тејлор Свифт.

Колекцијата е во спортски секси дух а има и парчиња во морнарски стил. Доминираат свилените материјали, кожни јакни, шорцеви, надколенки, бомбер јакни, фармерки и цветни фустани.

tommy-hilfiger-01-w710-h473-2x ph4-gallery_07a janni-deler-tommyxgigi-show-nyfwdsc_1253 csvtqzhwaaa7_0k she-walked-runway-gigi-hadid-tommy-hilfiger rs_1024x759-160909175014-1024-runway-runway-gigi-tommy-collection-2017 gigi-hadid-tommy-hilfiger-the-tommy-x-gigi-collection-models-bygrant-lamos-iv-c

Прегледи:
356
Објавено на:
17.09.2016