Џиџи Хадид е новото заштитно лице на парфемот The Girl потпишан од Tommy Hilfiger. За потребите на снимањето, Џиџи беше облечена во морнарски костим – одело и високи потпетици и позираше заедно со неколку машки модели. Овој парфем е со „свеж цветен мирис“ нагласија креаторите од брендот и е олицетворение на девојката со слободен авантуристички дух.