Категории

Џиџи Хадид го прекина молкот за врската со Зајн Малик

Никогаш не би претпоставиле дека кружат трачеви за раскинувањето на врската на Џиџи Хадид, доколку би ја погледнале колку беше насмеана викендов како домаќин на “Maybelline New York’s Beauty Bash” во Лос Анџелес.

Можеби затоа што воопшто не дошло до такво нешто. Имено, пред да влезе на забавата, која се одржа по повод летната колекција на “Maybelline”, Џиџи даде кратко интервју за “Elle”.

Во интервјуто, таа одговараше брзо на серија кратки прашања, меѓу кое и она за кој и е омилен начин за поминување на вечерите.

2

“Ноќ помината дома. Готвење. Сликање. Играње со моето куче. Дружење со дечко ми. Гледање филмови. Релаксирање”, накратко одговори таа, со што им стави крај на шпекулациите дека таа ја раскинала врската со своето момче, Зајн Малик.

Прегледи:
405
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
07.06.2016