Џиџи Хадид се закити со наградата “Жена на годината” доделена од страна на магазинот Glamour кој секоја година ја организира свечената манифестација и ги наградува најуспешните во текот на изминатата година.
Популарниот модел носеше златна божествена креација од дизајнерот Zuhair Murad која ја искомбинира со високи златни потпетици. Покрај неа блескапе и нејзината помлада сестра Бела облечена во бел комбинезон со потписот на Cristina Ottaviano.
Наградата и ја врачи Серена Вилијамс додека Џиџи им се забжагодари со краток инспиративен говор во кој изјави дека иако ја доби оваа ценета награда таа сеуште не се смета себеси за доволна за неа:
“Иако ја примив оваа награда не значи дека имам сфатено се во животот, благодарна сум за можноста но јас не се будат секојдневно како Џиџи која светот очекува да бидам.” Во нејзина придружба покрај помладата сестра беше и нејзината мајка Јоланда и братот Анвар.