Моделот Џиџи Хадид за прв пат ќе се најде на насловната страница на магазинот Vogue US. Џиџи ќе ја краси насловната на „модната библија“ за месец Август, а за фотографиите беше задолжен кој ако не реномираниот фотограф Марио Тестино. Џиџи позира покрај олимпискиот атлетичар Ештон Итон облечена во парчиња поптишани од Versace, Salvatore Ferragamo, Pringle of Scotland и други, а она што особено се исткнува е тоа што моделот ги носи популарните чевли Fenty Puma by Rihanna.