Категории

Џиџи Хадид носи пролетни вибрации со новата колекција на Tommy Hilfiger

Топ моделот Џиџи Хадид и популарниот дизајнер Tommy Hilfiger формулираа заедничка колекција за пролет/лето 2017. Нивната повторна сорабока доведе до извонреден резултат како спој од младешките трендови претставувајќи ја нивната визија за новата женска линија. Американскиот бренд кој одново ги воодушевува своите обожаватели и клиенти претставува не само марка на облека туку и начин на живеење. Брендот се одликува со модерен и класичен дизајн со врвен квалитет на облека во препознатливите бои на бела, сина и црвена боја.
Пролетната кампања во срцето ги носи разиграните весели креации како фармерки со стикери кои се тренд број еден за оваа пролет, колоритни фустани, кратки топови и здолништа кои Џиџи ги носи како заштитно лице на брендот..

 

Прегледи:
314
Објавено на:
27.03.2017