Популарниот модел Џиџи Хадид повторно е главна ѕвезда во новата кампања на брендот Stuart Weitzman за есенската колекција.
За потребите на кампањата Џиџи се одлучи за драстична промена на својата фризура, од долга брановидна коса каква најчесто ја гледавме во кратка ‘pixie’ фризура со кркми. Новиот изглед на моделот е инспириран од најпопуларната филмска класика – филмот “Breathless” и актерката Џин Сиберг која е главната причина за трансформацијата. Секако се работи за перика која направи Џиџи да изгледа како некогашниот модел Твиги.
Во фотографиите за кои беше задолжен неповторливиот Марио Тестино, таа ги носи најистакнатите модело од колекцијата како бели чизми над колена како и чизми со ниска потпетица за кои Џиџи откри дека се нејзин омилен модел на обувки поради тоа што во нив може да го помине целиот ден без да чувствува болка.